Возач во Здравство претепал Алфи – еден со потрес на мозок


46-годишниот А.Б. 41-годишниот А.Н. 40-годишниот Н.О. и 47-годишниот Д.И. од Скопје си заработија кривична бидејќи минатата недела, поточно во вторникот извршиле три крививчни дела: “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, “спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

policija alfiИнцидентот се случил во 00 часот и 30 минути на бензинската пумпа на Макпетрол, лоцирана на улицата „Кемал Сејфула“ во Чаир, каде тројца припадници на ЕБПК-АЛФА извршувале работи на безбедноста. Во моментот кога пријавените пристигнале со службено возило на Министерство за здравство, управувано од Н.О., вработен  како возач во  Министерство за здравство, тројцата полициски службеници биле паркирани со службено возило пред бензинската пумпа, при што еден стоел надвор, а другите двајца полициски службеници биле внатре во бензинската.

Откако Н.О. наполнил гориво, заедно со Д.И. влегле внатре во бензинската, а браќата А.Б. и А.Н. останале во возилото. Кога браќата  го забележал полицискиот службеник кој стоел надвор, излегле од возилото и тргнале кон него упатувајќи му груби навреди и закани, по што и физички го нападнале. Двајцата полициски службеници, кои биле внатре во бензинската,  виделе што се случува, веднаш повикале засилување и истрчале да му помогнат на колегата, но во нивната намера биле спречувани од Д.И. и Н.О., кои им го попречувале патот, ги туркале и влечеле за облеката. За кусо време стигнале и други тимови на полициски службеници од ЕБПК-АЛФА и пријавените ги довеле во послушност, по што е извршен претрес на моторното возило со кое дошле пријавените и е пронајден еден револвер со два куршуми во него, кој го поседувал и носел Н.О. без дозвола.

Полицискиот службеник кој бил нападнат е однесен во болницата “8-ми Септември“ каде му се констатирани  потрес на мозок и телесни повреди по телото и главата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1