Поради градежни работи, денес целосно за сообраќај ќе биде затворен кружниот тек кај Порта Влае, односно поранешната крстосница меѓу „Партизански одреди” и „Ѓорче Петров” и улицата „Ацо Шопов“, информира Град Скопје.
Изменетиот сообраќаен режим ќе биде привремен, а ќе се спроведува поради градежни работи. Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се вози по алтернативните улици.