Возачот на Боки пред судот: Орце Камчев беше многу љубезен со Јовановски


Стојан Арсовски, возач на обвинетиот во случајот “Рекет”, Бојан Јовановски денеска сведочеше пред судот и рече дека два пати Јовановски го носел кај бизнисменот Орце Камчев.

Тој рече дека го носел Јовановски во многу институции, ја спомна УЈП, Министерството за внатрешни работи и во Влада.

Кажа дека го возел Јовановски во Белград, Милано и на многу други места. Кажа дека во Милано во една прилика седеле со познатата текстописка, Марија Туцаковиќ и нејзиниот сопруг и тогаш сопругот му дал плико со пари кој токму возачот ги ставил во неговата ташна.

Сведочеше и хирургот Тони Јосифовски, кој го оперирал Бојан Јовановски – Боки 13.

– Ќе се согласите дека сте вршеле интервенција врз Јовановски во домот на Камчев? – праша Дуковски, на што сведокот одговори „да“ и објасни дека Јовановски не сакал да доаѓа во болницата, па во домот на Камчев се вршеле преврски откако кај оперираниот се појавил декубит.

– Вие ја теравте Катица да се оперира и вие баравте алтернативни патишта каде да се оперира – одговори сведокот на прашањето на Боки дали лекарот ја терал Јанева да се оперира.

Тој е прогласен за непријателски сведок од страна на адвокатот на обвинетиот Сашо Дуковски. Ваквото тврдење уследи откако лекарот одговори дека ја познава поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, на прашање на одбраната. Згора, одбраната не наведе објаснување зошто Јосифовски е прогласен за непријателски сведок и продолжи наместо директни, да поставува вкрстени прашања кон сведокот, пренесе „Нова Македонија“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1