Возачот што ја прегази Фросина бил пијан и возел пребрзо


26-годишниот Љубиша ќе одговара за предизвикување на сообраќајната несреќа во која животот го загуби младата студентка Фросина Цекова од Крива Паланка. Јавното обвинителство по седум месеци истрага поднесе обвинителен акт за сообраќајката пред Универзална сала.

Foto - Faktor.mk

Foto – Faktor.mk

Идентитетот на обвинетиот е утврден врз основа на направената ДНК анализа во внатрешноста на возилото, а во текот на истрагата утврдено било дека во моментот на несреќата Љубиша не ги почитувал сообраќајните правила, возел со голема брзина и имал 1,23 промили алкохол во крвта. Од преголемата брзина тој не ја забележал младата Фросина која во тој момент го преминувала булеварот Партизански одреди на пешачкиот премин кај Униварзалната сала. Во соопштението на Обвинителство се вели:

Во текот на истрагата врз основа на Вештиот наод и мислење изработено од стручна институција – Биро за судски вештачења се утврдија пропустите во однесувањето на осомничениот во сообраќајот кои придонеле за случување на сообраќајната несреќа. Односно, утврдено е пречекорување на брзината со кое е управувано возилото, како и непосветување на должно внимание од страна на осомничениот при приближување кон крстосница со означен пешачки премин.

Испитаните очевидци трвделе дека по несреќата Љубиша со своето возило марка Хонда побегнал од местото на настанот. Неколку часа подоцна тој сам се предаде во полиција. Обвинителство го товари за две кривични дела: „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1