Возилата со ЕУРО 2 стандард ќе продолжат да возат, забранет само увозот


По информацијата дека Владата откако дозволи увоз на возила со ЕУРО 2 стандард, сега  размислува да забрани нивно регистрирање, реагираше министерот за економија Беким Незири. Тој вели дека неговото министерство е против ваквиот предлог и дека ќе направи дополнителни анализи.vozila-564x272
Бидејќи се работи за 100 до 150 илјади возила, според него забраната за возење ќе има негативни финансиски ефекти врз голем број граѓани, а со тоа и врз вкупната економија. Мерката во прво време треба да ги опфати возилата со најлоши еколошки стандарди, односно со ЕУРО 0 и ЕУРО 1 стандард. Анализата на министерството за економија ќе биде доставена во Владата за две недели.
Инаку, министерот за економија денеска информираше дека за повеќе од двојно догодина ќе се зголеми сумата за поддршка на конкурентноста, иновациите и претприемништвото од сегашните 190 илјади евра на 407 илјади евра. Најголем дел од парите или 145 илјади евра годинава добиле малите и средни претпријатија. Средства добиле 7 занаетчии за унапредување на производството, 6 фирми за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди, две компании за обуки на вработените за ХАСАП системот, а на 12 фирми им биле покриени 70% од трошоците за воведување на ХАЛАЛ системот.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1