Жител на струшкото село Мороишта го загуби животот во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат во близина на охридскиот аеродром.
СВР Охрид ја потврди информацијата, со појаснување дека станува збор за лице на 37-годишна возраст што настрадало при излетување на возило од патот.
Причините што ја предизвикале несреќата ќе ги утврди истрагата.