Едно 13-годишно девојче од Венецуела се бори за живот откако ја каснала змија.
Девојчето било каснато на ногата, по што локалните надрилекари се обидувале да ја излечат со мешавини од тревки и растенија.
Бидејќи ја однеле на лекар месец дена по угризот, ногата на девојчето не можела никако да се спаси затоа што сосема била исушена.
Докторите итно и ја ампутирале ногата, но веројатно девојчето ќе мора да ја изгуби и другата нога затоа што отровот оставил последици и на неа.
Во болницата во Каракас девојчето примало терапија и противотров, но како што велат докторите, состојбата е сепак неизвесна.