Ветеринарите од Измир во Турција, останале запрепастени кога виделе дека на свет дошло јагне со човечки лик.
Јагнето се родило со царски рез, а кога ветеринарите виделе за што станува збор, едноставно не можеле да поверуваат дека јагнето има човечки усни, очи, нос и нагласена брада.
Нејасна е причината од која настанала мутацијата иако се зборува дека вишокот на витамин А во мајчината храна може да предизвика ваква генетска промена.
За жал или за среќа, јагнето не успеало да се избори за својот живот.