Американските медуми објавија вознемирувачко видео од случувањата во Далас на кое се гледа како вооружено лице од заседа убива неидентификувано лице за кое се претпоставува дека е полицаец.
Во нападите се убиени 4 полицајци а според последните информации 11 се ранети, од кои четири потешко. За сега не се знае точниот број на напаѓачи, но според првичните информации, двајца веќе се уапсени.
Шефот на полицијата во Далас, Дејвид Браун изјави дека осомничените признале дека планирале да постават експлозив во централниот дел на градот.