ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Групно силувани и обесени две девојчиња во Индија


Светската јавност е во шок откако се откриени телата на две сестри на возраст од 14 и 15 години, од селото Катра во индиската држава Утар Прадеш, кои биле групно силувани, а потоа обесени на дрво.

s7Застрашувачката сцена ја откриле селаните, кои потоа се собрале околу телата, тивко протестирајќи против неактивноста на надлежните органи, на кои пред два дена им било јавено дека девојките исчезнале.

Индиската полиција соопштила дека аутопсијата покажала дека девојките повеќе пати се групно силувани пред смртта, до која дошло со бесење, а три лица се уапсени под сомнение за стореното ужасно злосторство.

– Меѓу осомничените се двајца полицајци, изјавил Атул Саксен, официјален претставник на полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1