Ова е најболното, најшокантното и најмонструозното видео кое го има објавено Исламската држава.
Децата биле присилени да легнат едно покрај друго со лицето во прашината, а над нив стојат џихадистите од Исламската држава со вперени пушки во нив. Кога бил отворен оган, британските медиуми проценуваат дека околу 200 деца биле убиени за само неколку минути.
Се претпоставува дека видеото на кое се убиваат децата е снимено некаде во Сирија, каде ИД контролира голем дел од територијата, вклучувајќи ја и Рака – град кој се смета за главен град на „Калифатот“.