Дваесет и тригодишен педофил од Лисабон со месеци испраќал експлицитни фотографии и пораки на девојче преку социјалната мрежа „Whatsapp”. Меѓутоа, овој перверзник го дочекало големо изненадување кога „паднал“ договор за состанок.
Имено, овој педофил не знаел дека цело време се допишувал со таткото на девојчето, па она што го дочекало кога се сретнале го променило неговиот план, и тоа како!
Таткото со камера снимал како го тепа и на крај го убива осомничениот педофил. Во видео-снимката објавена на сајтот Лајвлик (LiveLeak), а подоцна и на Јутјуб, може да се види како човекот крвави од устата и моли за живот.
Разговорот помеѓу нив се одвива на португалски јазик, педофилот моли дека повеќе никогаш нема да се обиде да контактира со девојчето. Меѓутоа, таткото го фаќа за врат, го крева…
Камерата потоа се спушта и се слуша само врескање, а потоа камерата се гаси. Телото на осомничениот педофил е пронајдено три дена подоцна