Кобно по животот на средовечна жена во Москва беше краткото загледување во мобилниот телефон.
Таа беше прегазена од трамвај, кој помина врз неа пред очите на голем број минувачи во централниот дел на главниот руски град.
Жената, стоеше на улица и гледаше во својот мобилен телефон. Не забележа дека опасно ѝ се доближува трамвај кој се движи право кон неа со голема брзина. Кога го виде железното чудовиште веќе беше доцна. Локомотивата помина врз неа и ѝ го преполови телото, убивајќи ја на самото место.
Трамвајот го возеше жена. Но, како што може да се види од камерите, видливоста беше многу мала. Жената која управуваше со тешката локомотива направи сè за да го запре трамвајот во мигот кога забележа дека има човек на шините. Но, нејзините обиди да се избегне смртоносниот судар беа залудни.
Тешката локомотива помина врз жената, а на камерата од трамвајот се гледа и мигот кога несреќничката завршува под железните тркала.