ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Украински тенк прегази 8-годишно девојче


8-годишното девојче починало на самото место, во рацете на својата мајка.

Украинската полиција добила налог да пука во луѓето поради големите нереди кои избиле во градот Константиновки на истокот на Украина.

Во  вчерашните нереди оклопно возило на украинската војска покосило пешаци на улица и прегазило 8-годишно девојче, кое починало на самото место, во рацете на својата мајка.

ukraine1-500

Министерството за внатрешни работи на Украина соопштило дека воено возило налетало на тројца пешаци, од кои починало едно девојче, а една жена и бебе во количка биле пренесени во болница.

Локалните медиуми пишуваат дека возилото со украинските војници со голема брзина се движело на улиците на Константиновки, а потоа изгубило контрола и ги прегазило пешаците, додека некои сведоци наведуваат дека возачот на оклопното возило бил пијан.

Тензиите во градот сè уште се високи, а полицијата добила овластување да користи вистинска муниција доколку дојде до поголеми судири со локалното население.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1