Постои можност околу 350 новороденчиња да биле изложени на вирусот туберкулоза во една болница во Калифорнија, откако било откриено дека еден од вработените е заболен.
Како што соопштила болницата Санта Клара во Сан Хозе кон срединта на ноември се појавил сомнеж дека еден од вработените има туберкулоза.
Вработениот кој работел на одделението за неонатологија во моментот е на отсуство, пренесува Си-Ен-Ен .
-Додека ризикот од инфекција е низок, последиците од туберкулоза кај новороденчињата може да бидат сериозни. Поради тоа одлучивме да спроведеме опсежни испитувања и да почнеме со превентивно лечење на бебињата, вели началникот одделението за педијатрија.
Според податоците од Центарот за контрола и превенција на болести, во САД минатата регистрирани се 9.421 случај на туберкулоза.