Вработен во МВР позитивен на коронавирусот


Информатичар во Одделот за информатика и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи е позитивен на коронавирусот, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Веќе се пратени луѓе во самоизолација, а со Институтот за јавно здравје, по препораките, извршена е дезинфекција во сите простории во кои што бил“, истакна Чулев.

Министерот информираше дека Меѓународната полициска асоцијација во нашата држава на полицајците им поделила заштитна опрема и средства за дезинфекција. Чулев додаде дека МВР распишало тендер по скратена постапка за набавка на заштитна опрема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1