Вработената во пошта сама си ја ограбувала 2 пати – конечно призна


63 Годишната жена вработена во поштата во Катланово два пати лажно пријавила дека вооружен напаѓач и ја испразнил касата, ексклузивно донава Press24 од извори во истрагата.

postakatalnovo21Иако пред полицијата најпрво давала описи на наводниот разбојник, подоцна решила да признае дека до грабеж воопшто не дошло и дека парите самата ги извадила од поштата на касата.

Вкупната сума за која е оштетена поштата со двата наводни грабежи изнесува околу 730.000 денари но полицијата проверува дали и колку вкупно пари вработената успеала да украде и надвор од овие две сценарија.

Инаку вториот грабеж се случи во вторникот кога жената тврдеше дека во поштата влегол напаѓач по што таа се онесвестила. Кога и се вратила свеста парите ги немсло. Ист слулај пријавила и во јануари минатата година.

Интересно е што жената во медиумите дури даваше и изјави во кои „сликовито“ го раскажуваше случајот.

„ Ми рече ќе те убијам ако не ми ги дадеш парите и со дршката од ножот со сета сила ме удри по десната рака. Од чантата ги зедов клучевите од сефот на поштата, го отворив и потоа силно ме удри по тилот. Повеќе ништо не се сеќавам“, изјави вознемирената жена за Дневник.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1