Враќањето на златниот динар: ИСИС има нова валута која ќе го уништи доларот!


Исламската држава изработува свои пари, објавено е во новото продолжение на пропагандното видео “Растот на Калифатот и враќањето на Златниот динар”, кое се појавило на социјалните мрежи во саботата. Во нешто помалку од еден час, нараторот објаснува како ИСИС изработува монети од злато, сребро и бакар. Златните монети се нарекуваат динари, а сребрените дирхами.isis pari

Нараторот на чист англиски јазик во “документарецот” вели дека монетите се изработени од скапоцени метали бидејќи “златото е единствената мерка за богатство”, пренесува Vice.com.

Со новата валута членовите на ИСИС сакаат да го засилат самопрогласениот калифат на штета на американската економија. Новата валута ќе биде “втор удар” за САД и неговиот “капиталистички систем на поробување” по 11. септември.

Во видео снимката нараторот зборува за трговија со обврзници и како тие се поврзуваат со трговијата на нафтата, а целиот систем го опишува како Ахилова пета на американската економија. Новата валута, вели нараторот, ќе го уништи “измамничкиот долар”.

Во видеото се зборува за ширење на калифатот на места каде има нафтени полиња во Ирак и Сирија, но и пошироко, за да може светот да се прочисти од корупција, а природните ресурси да им се вратат на муслиманите. Пред крајот на видеото борците од терористичката организација ја покажуваат новата валута.

“Со божја дозвола, нафтата ќе биде продавана за злато”, вели нараторот. Сепак, експертите велат дека е тешко веројатно оваа валута да се прифаќа надвор од границите на ИСИС.

“Тоа е како крвав дијамант. Ниедна кредибилна институција нема да ги земе тие пари” рекол минатата година Дејвид Филипс за New York Times.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1