Вратете се во детството – еве како дома да си направите шеќерни јаболка – Рецепт


Во последно време ретко има места каде може да се најде овој дамнешен деликатес кој сите сме го обожавале чекајќи ги панаѓурите и тезгаџиите. Потсетува на детството – Вака зашеќерените јаболка можете да ги завиткате во целофан и да ги подарите некому

А еве и како можете да ги направите!

sekjerni jabolkaСостојки:

  • 10 многу ситни јаболка
  • 500 гр шеќер
  • 110 мл вода
  • 1 лажиче оцет
  • 2 лажици мед
  • црвена прехрамбена боја
  • 10 дрвени стапчиња за ражничи

Подготовка:

  1. Најпрво убаво измијте ги јаболчињата и добро избришете ги со мека крпа.
  2. Извадете им ги рачките и на тоа место забодете им по едно дрвено стапче усмерено со остриот крај кон јаболкото.
  3. Потоа, ставете ги водата и шеќерот да зовријат, па додадете ги и останатите состојки.
  4. Варете одприлика 10-15 минути.
  5. За да утврдите дали е готово, најсигурен метод е кога со лажичето капнете од смесата во ладна вода или директно го ставите лажичето под ладен млаз , по што треба веднаш да се карамелизира и да не е меко. Тоа ви е потврден знак дека е готово.
  6. Во така жешкиот сируп ставете ги јаболката и внимавајте да е добро нанесен од сите страни, а потоа маклу протресете да падни вишокот.
  7. На крај, оставете ги врз метален сад (чинија или тава) кој предходно е благо намастен за да се сушат.

Совет плус: Работете брзо. Целата постапка нека се одвива околу 5 минути максимално.

извор – Се за храна

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1