Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Преку денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од пет до 14, а дневната од 25 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
В четврток и в петок ќе има зголемување на облачноста и пад на температурата. Ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа особено во попладневните часови врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со засилен ветер.