Време: Врнежлив викенд, сонце од понеделник


Oблачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта (над 25 л/м2). Локално, особено во јужните делови, ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80км/час). Максималната температура до 16 степени.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 8 степени, а дневната од 5 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Во недела на планините врнежите ќе бидат од снег.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално во јужните делови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1