На денешната седница Комисија за етички и правни прашања при Лекарската Комора на Македонија донесе одлука за времено одземање на лиценцата за работа на д-р Томчо Ванчев, специјалист анестезиолог и д-р Зоран Јовановски, специјалист анестезиолог, вработени во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија.
Лиценците за работа на докторите, соопшти денеска лекарската комора, времено им се одземаат до донесување на правосилна судска одлука.
– Одлуката е донесена врз основа на дополнително доставената документација: Извештајот од извршениот стручен надзор од страна на комисијата формирана од Министерството за здравство, како и Известувањето за резултатите од анализата на алкохол во примероци крв од Министерството за внатрешни работи, се наведвуа во соопштението.
Временото одземање на лиценците за работа на докторите е по основ на повреда на позитивните законски прописи и одредбите на Кодексот на медицинската деонтологија.