Времето утре ќе биде облачно со услови за слаб локален дожд во северозападните и југоисточните делови на земјата.
Ќе дува засилен ветер кој ќе биде од југозападен правец, особено изразен на повисоките места и планините.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, а дневната од 21 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 11 степен, а дневната ќе достигне до 23 степен.