Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди, ќе дува умерен наместа засилен ветер од југоисточен правец, особено на североистокот од земјава.
Утре ќе преовладува променливо облачно време се уште релативно топло со повремени врнежи од дожд кои во западните делови ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен наместа силен јужен ветер којна моменти ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Потоа продолжува пероид на променливо облачно, но посвежо време со повремени врнежи од дожд.