Времето и денеска нестабилно, попладне поројни дождови и грмежи


Македонија денеска ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.nevreme dozd 11

Најпрво ќе бидат зафатени западните делови, а потоа, кон крајот на денот и во вечерните часови, ќе се прошират и во централните и североисточните делови. Процесите се очекува да бидат поинтензивни локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, особено во западните делови. Ќе дува повремено и умерен до засилен ветер.

Дневната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена.

Во Скопската котлина времето ќе биде променливо, а попладне нестабилно со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и со грмежи. Врнежите се очекува да бидат поинтензивни кон крајот на денот и во вечерните часови. Дневната температура ќе достигне до 29 степени.

УХМР апелира во случај на појава на електрични празнења внимателноста да биде поголема, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1