Времето повторно изненадува – што ќе се случува


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за локален пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 18 до 25 степени.mk skopje vodno sonce22

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се спушти околу девет, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утре температурата ќе биде без поголеми промени, утринската од четири до 12, а дневната од 17 до 24 степени.

Од понеделник времето ќе биде постабилно и потопло со благ пораст на дневната температура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1