Врховен му го укина куќниот притвор на Мијалков за Империја


Од Врховниот суд информираат дека е донесено решение со кое му се укинува куќниот притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кој му беше одреден за случајот „Империја“.
Мијалков ќе остане во куќен притвор, бидејќи оваа мерка вчера му ја одреди Апелациониот суд, за случајот „Титаник 2“, откако претходно ја укина мерката притвор.

– „Решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 30.01.2019 година, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот С.М. е определена по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое нема својство на овластен тужител во оваа постапка“, соопшти Врховниот суд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1