Туларемијата достигна епидемиски размери во Лозово и кумановско Опае, но се шири и во Скопско. Епидемиолозите секојдневно предупредуваат на голема претпазливост болеста од која најчесто заболуваат луѓето кои се изложени на поблиски контакти со глодари и диви животни. Но, бидете внимателни. Туларемијата не се јавува само во руралните места, опасноста демне и во урбаните средини.
Екипа на Вечер, случајно минувајќи регистрираше пцовисан глушец во центарот на Скопје, пред влезот на студентскиот дом “Кузман Јосифовски-Питу, односно до мензата на домот каде се хранат стотици студенти.