Поголема количина сомнителна зелена тревкаста материја, најверојатно марихуана, и таблети екстази открила полицијата при вчерашниот претрес во куќата и помошните простории на Љ.Ц. (33) во тетовска Мала Речица, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Претресот за што имало соодветна судска наредба бил спроведен во периодот од 18 часот и 30 минути до 19 часот и 30 минути.
– При тоа во приземјето од куќата била пронајдена кеса со непозната тревкаста материја најверојатно марихуана чија количина дополнително ќе се утврдува, додека во комода и дигитална вага со зелени остатоци на неа. Во три помали кеси обвиткани со целофан биле пронајдени вкупно 131 таблета екстази со различна форма и големина. Се што е пронајдено е одземено со потврда за понатамошна постапка, додека Љ.Ц. е однесен во полициската станица во Тетово од каде по извршениот разговор бил пуштен, рече Јосифовски.
По расчистување на сите поединости и во соработка со јавниот обвинител против Љ.Ц., како што додаде портпаролот на СВР Тетово, ќе биде поднесен соодветен поднесок во редовна постпка.