Втора жртва во Србија, потврдени 188 заболени,се продолжува полицискиот час од 17-05 часот


По 59 годишниот маж од Кикинда, во Србија денеска е забележан втор смртен случај на заболен пациент од коронавирус. Како што изјави министерот за здравство, Златибор Лончар, станува збор за жена на возраст од 92 години, која била на респиратори.

утринава се забележани нови 17 случаи, или вкупниот број на потврдени случаи на заразени изнесува 188 лица, 11 лица се хоспитализирани и се без компликации, додека шестмина се на домашно лекување. До осум часот во националната лабораторија на Институтот Торлак, вкупно 700 лица биле тестирани на коронавирусот.

Во Србија веќе седми ден во сила е вонредна состојба, петти ден како е во сила полицијски час, кој од денеска, како што вчера најави српскиот претседател Александар Вучиќ се проширува и ќе трае од 17 часот до 05 часот наутро.

Утринава постарите од 65 години, на кои досега им беше забраното излегувањето, им беше дозволено во периодот од 03 до 09 часот да излезат од своите домови за да се снабдат со потебните намирници и лекови. За таа намена беа отворени 2000 продавници ширум Србија.

Затворени се сите гранични премини за патнички, железнички и речен сообраќај, како и меѓуградскиот сообраќај, освен за патнички возила. За време на полицискиот час не функционира ни градскиот превоз, а од денеска забранета е работата на сите ресторани, кафеани (освен оние кои работат по принципот на достава), обложувалници, трговски центри, освен самопослугите и апотеките. Забрането е движењето по парковите и собирањето во групи поголеми од пет лица. На сите продажни места кои работат, граѓаните мора да држат растојание до два метри или само едно лице може да влезе во продажниот објект.

Синоќа во Србија пристигна и првата голема пратка од Кина на голем број медицински помагала, заштитна опрема и на шестмина кинески експерти, која лично ја дочека Вучиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1