Рик Роснер во моментов според коефициентот на интелигенција од 192 е вториот најинтелигентен човек на светот, но и покрај натпросечната интелигенција Рик е невработен и дневно пие по 50 апчиња „за да не стане глупав“.
Со својот коефициент на интелигенција од 192 е веднаш зад најинтелигентниот човек на светот, грчкиот психијатар Евангелос Кациолис чиј коефициент изнесува 198 .
Роснер и покрај натпросечната интелигенција во моментов е без работа и неговата дневна рутина е многу невообичаена.
Тој е опседнат со своето здравје и поради тоа пие околу 50 таблети на ден, според неговата изјава за „ The Daily“ „само за да не стане глупав“.
Рик кој во минатото работел како сценарист, стрипер, обезбедување во кафуле , во моментов пишува книга „Тапоглавиот генијалец“.
Слободното време покрај за пишување , за посета на теретана и за пиење на апчиња го минува и во развивање на разни теории.
-Секој ден пијам кафе и аспирин, а меѓу другото пијам и експериментална таблета која наводно ги уништува наслагите на протеини од мозокот , протеини кои предизвикуваат болести на мозокот. Едноставно сакам да останам здрав и жив, изјави Роснер.
Супер интелигентниот Рик инаку секој ден пие омега 3, аспирин, метформин, коктел на мултивитамини и друго. Таблетите делуваат различно, некои се за редуцирање на мастите, стабилизирање на крвниот притисок…
-Овој режим на мојот мозок му помага да работи подобро. Ако преземате мерки на превенција , го спречуваат пропаѓањето кое доаѓа со годините или всушност станувате уште поумни, заклучи Рик Роснер.
Инаку тој во моментов со својата сопруга живее во Лос Анџелес.