Вучиќ: Во јуни Србија ќе ги произведе првите дози на Спутник В


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека првите дози на руската вакцина Спутник Ве од белградскиот Институтот „Торлак“ ќе излезат помеѓу 5 и 10 јуни и додаде дека верува да Србија пред крајот на годината самостојно ќе ја произведува вакцината.

-Ќе видиме дали до крајот на годината ќе го произведуваме „Синофарм“ или „Спутник“ и се надевам дека до март ќе ги произведеме и двете, изјави Вучиќ за време на неговата посета на „Торлак“ и донацијата на 20.000 дози вакцини АстраЗенека за Република Српска.

Тој кажа дека вкупното производство првично би било 20 милиони, а подоцна и 30 милиони дози годишно за да се покријат потребите на регионот.

Претходно беше објавено дека Србија може да започне со пакувањето на руската вакцина Спутник Ве од средината на годината и дека до крајот на годината ќе ја произведува.

Вучиќ кажа дека се дадени три милиони дози од вакцината, односно дека 1,8 милиони луѓе ја примиле првата, а 1,2 милиони граѓани ги примиле двете дози на вакцината.

Во Србија вкупно се дадени 3.000.680 дози на вакцини, вклучително и на странски државјани со и без престој во Србија.

Вучиќ оцени дека зад критиките на вакцината АстраЗенека стоји активноста на фармацевтското лоби и ниската цена по која се продава вакцината.

-Она што го купивме за 12, 13 и 14 долари сега е 20. АстарЗенека е ефтина бидејќи е направена од Оксфорд за да ја сподели со човештвото и чини пет долари. А се работи за милијарди дози. И затоа сега се водат медиумски војни и се говори дека тоа е лоша вакцина. А таа остава добри антитела, изјави Вучиќ.

Според него Германија прво одлучила дека постари од 65 години не можат да ја примат АстраЗенека, а сега дека не можат да ја примат лица под 60 години.

-Замислете ние да донесовме такви контрадикторни одлуки, ќе не обесоа, кажа тој.

Вучиќ кажа дека Србија требаше да прими повеќе вакцини преку програмата Ковакс, но дека сега „им кажале дека не ни требаат, затоа што имаме вакцини“.

-Па што ако имаме, вие не ни ги дадовте. Дали треба да го казниме оној што беше паметен да ги набави вакцините? Да казниме некој што е добар ученик, праша тој.

Тој најави дека до крајот на април ќе пристигнат уште вакцини и прецизираше дека во понеделник пристигнуваат 211 илјади дози вакцини на Фајзер, а очекува и дополнителни дози на руската вакцина, како и половина милион дози на вакцината Синофарм.

Србија вкупно, според претходните изјави на Вучиќ, има потпишано договори за набавка на 15 милиони вакцини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1