Вучиќ: Брат ми е претепан додека ја држел личната карта во рака


Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека неговиот брат Андреј им ја покажал легитимацијата на припадниците на жандармеријата којa го претепала и дека тепањето започнало додека тој во рака ја држел својата лична карта за што постои и снимка.

-Имаме и снимка на која се гледа дека ги даваат своите легитимации, но за тоа веќе не сакам да зборувам. Секако дека сум објективен, а жал ми е што многу се радуваат на туѓата несреќа, а тоа некој не го заслужи“, изјави Вуќчиќ.TEPANJE PREMIER

Тој повтори дека неговиот брат и обезбедувањето се легитимирале и дека за тоа постојат и снимки кај надлежните органи, а истите биле и потврдени од сведоци.

-За ова повеќе ни збор. Претпоставувам дека со воодушевување ќе го поздравите и фактот што некои полицицајци јавно кажаа дека требале да го убијат, а за тоа ќе кажете дека сум виновен јас или мојот брат, бидејќи за тепачите треба да се бара затворска казна, а овие по се изгледа треба да добијат награда. Омразата кон мене не морате да ја ширите како омраза кон моето семејство“, наведува Вучиќ и додава дека со ова мисли на кои со „лаги пробале да ја дезинформират јавноста“.

Премиерот додаде дека претепувањето на неговиот брат почнало додека тој во рака ја држел својата лична карта, како и дека неговиот брат одел во посета на нивните родители кои живеат во близина.

Тој рече дека нема да му докажува на никој ништо, туку ќе остави работата да си ја сработат надлежните органи.

Тој додаде дека обезбедувањето било свесно и одговорно, иако трпеле удари, на никој начин не им возвратиле на полицијаците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1