Вучиќ: Ги предупредив претставниците на ЕУ дека се подготвува инцидент


Инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија – Албанија беше организирана акција со цел да се урне стабилноста во Србија и целиот регион, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ, додавајќи дека три часа пред почетокот на натпреварот ги предупредил и претставниците на ЕУ дека се подготвува провокација.vucic

„Намерата на албанските екстремисти беше Србија да се прикаже како земја која е нетрпелива кон различностите и да се понижат сите нејзини граѓани“, изјави Вучиќ за Новости.

„Тие сакаа да ја згазат нашата гордост, но го сочувавме нашиот образ и ја покажавме разликата меѓу нас и бандата лажни албански претставници кои беа во свечената ложа. Државата ќе преземе сé што може, според законски предвидените мерки, за да ги казни сите оние за кои ќе се утврди дека сториле кривично дело“, додал српскиот премиер.

Вучиќ потенцирал дека сега ја чека и официјалната реакција на Брисел по повод овој инцидент, кој е политички мотивиран.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1