По наредба на српскиот премиер Александар Вучиќ наложено е спроведување на итна истрага што во најкраток рок ќе даде одговор на прашањето дали во поплавите можело да се реагира побрзо и подобро, пишува весникот “Наше новине”.
Весникот, повикувајќи се на извори од владата на Србија, наведува дека истрагата најмногу ќе се однесува на Обреновац, како и дека ќе бидат проверени сите обвиненија упатени кон претседателот на општината Мирослав Чучковиќ.
– Наредена е целосна истрага со цел да не остане ниту најмал сомнеж. Едноставно се работи за премногу важни работи и голема штета, првенствено на загубени човечки животи, за било што да остане неразјаснето, нагласува владиниот извор за весникот “Наше новине”.