Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се обрати по повод оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и евентуалните импликации од таквиот потег.
– Ја разбираме радоста, не сакам да кажам еден вид задоволство поради тоа што Харадинај е повикан во Хаг. Сметам дека нема причина за еуфорија бидејќи ги согледуваме сите факти и последици по тој чин, а посебно како ќе се однесуваат и Албанците и меѓународната заедница кон Србија и нејзиниот народ, истакна Вучиќ.
Според него, „оставката на Харадинај е политички трик, за да добие популарност“.
– Тој се бори да ги порази противниците во Косово, јунак кој се бори, а останатите се недостојни на лидерот кој ги води во светла иднина, изјави Вучиќ на прес-конференцијата.
Српскиот претседател предвидува дека Харадинај ќе биде пуштен за 48 часа и ќе се врати како голем албански херој, неговата популарност ќе се зголеми, а на сите останати ќе се намалува.
Вучиќ оцени дека таксите на српските производи нема да бидат укинати, а западните сили често ќе вршат притисок и ќе го уценуваат Белград со изговор дека косовските лидери ги испраќаат во Хаг