Вучиќ: Сега е јасно дека Албанците не сакаа компромис, туку напад врз Србите и Република Србија


– Сè што сторија Албанците, го сторија во спротивност со меѓународното право и во спротивност со својот највисок правен акт, Уставот, како што велат тие, на Република Косово. Покажаа дека никогаш не им било до правото и правдата, туку до реализирање сила, напад врз Србите и нескриен напад врз Република Србија, рече претседателот Вучиќ.
Вучиќ додаде дека Белград водел дијалог бидејќи сака компромис.

– Сега е јасно дека Албанците не сакаа компромис, и за сè што тие прават имаат поддршка од САД, Велика Британија и Германија, додаде Вучиќ.

Претседателот на Србија вечерва истакна дека е создадена атмосфера што ја гази и уништува Србија. Тој во изјавата рече дека Србија се префрла на мирна демократска политика, која се обидува да ги заштити своите државни и национални интереси.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1