“Немам зборови со кои би опишал како вчера мојот син кој има 15 години плаче и вика дека ќе се убие поради тоа што го добива на “Фејсбук“ и не знам за што уште друго. И за тоа сум јас виновен? Поради што? Поради тоа што се борев за Србите на Косово и Метохија?“ рекол Вучиќ.
Тој нагласил дека такви пораки никој нема повеќе да му праќа на ниедно дете и дека “бандитската Србија нема да ја победи пристојната Србија“.
Само неколку дена претходно на премиерот на Србија Ивица Дачиќ и на Александар Вучиќ им пристигнале заканувачки пораки, во кои им се вели дека ќе бидат убиени поради договорот со Приштина кој е постигнат во Брисел.