Вучиќ: Убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин


Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека за државата, актот на убиството на Оливер Ивановиќ е терористички чин.„Овој акт за Србија е терористички и така ќе се однесуваме кон него“, изјави Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност.

Тој рече дека упатиле писмо до органите на УНМИК и ЕУЛЕКС државните органи од Србија да учествуваат во истрагата за убиството.

„Ќе го пронајдеме убиецот или убијците, тоа утрово и го ветив на сопругата на Ивановиќ“, рече Вучиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1