Српски Блиц јавува дека по преброени 15 отсто од гласовите победник е актуелниот српски премиер, со 59,8 отсто од гласовите. Далеку зад него е Саша Јанковиќ кој има 11,6 отсто. Трет е Бели Прелетачевиќ кој има 9,7 отсто.
Според 50,30 отсто обработени гласови, Вучиќ има огромна предност пред Саша Јанковиќ со совоени 58,40 отсто од гласовите. Јанковиќ е на втората позиција со 13,60%. Трет е Лука Максимовиќ- Бели со 9,20%, четврт Вук Јеремиќ со 5,60%, додека петти Војислав Шешељ со 4,50%.
Годинешните избори ги карактеризира и фактот што со својата кандидатура Александар Вучиќ го испрати во пензија шефот на државата Томислав Николиќ, кој остана без поддршка во Српската напредна партија. Николиќ, по истекот на мандатот на 31 мај, најави повлекување во пензија, „но не политичка“, а на Вучиќ му порача дека „секогаш знае каде да го најде“ доколку му треба помош.