Со цел да се сочува приватност при upload-ирањето на видеата, најпознатиот сајт од оваа област реши да воведе нова опција за корисниците.
Се работи за замаглување на лицата во видеата. Со оваа услуга ќе може да се прикрие идентитетот на учесниците во видеата, а youtube се надева дека покрај заштитата на приватноста, корисниците ќе се охрабрат да ги прикачат своите видеа, без потоа да се плашат од реакциите на околината. Покрај тоа, со оваа опција би се заштитиле и оние случајни минувачи кои „по грешка“ се на видеото.