Невидена сеизмичка активност на Балканскиот полуостров и неговото опкружување. За 48 часа регистрирани се близу 200 потреси со магнитуда над 2 степени според Рихтер. Најмногу се тресе Турција но најсилен беше земјотресот во Македонија кој се случи вчера рано попладне.
Од тогаш само во земјава се регистрирани над 20 потреси со магнитуда над 2 степени, а последниот здрма и до 4 степени според Рихтер.Некои сеизмолози велат дека по катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година, во наредните две години скоро секој ден имало земјотрес.
Сеизмолозите официјално не сакаат да зборуваат за тоа дали има некаква поврзаност меѓу сеизмичката активност во Македонија и онаа во Турција, иако не исклучуваат дека можеби станува збор за иста тектонска плоча.
Некои од нив, не ја исклучуваат можноста, земјата да продуцира благи потреси и во наредните неколку години.