За да им вратат 290 денари од радиодифузна такса морале да платат 300 денари за образец


Се поприсутна селективна правда, партизирана и непрофесионална администрација на централно, а особено на локално ниво, се сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните, и популистички и неприменливи правни прописи што дополнително го отежнуваат остварувањето на права на граѓаните, констатирал Народниот правобранител минатата година при работата врз преставки на граѓаните.

Лани Народниот правобранител работел на 4.185 преставки, при што биле костатирани 1.137 повреди на човековите слободи и права. За 970 случаи оној што ја направил повредата ги прифатил забелешките на Народниот правобранител, за 104 постапката е во тек, а во 63 случаи и по сите преземени дејства препораките и забелешките не се прифатени.

– Од минатогодишната работа произлегуваат и констатациите дека лошиот систем за извршување особено го погодува најсиромашниот слој граѓани, оти социјалната заштита и натаму останува систем со кој не се надминува социјалниот ризик. Имавме појава на дискриминација по сите основи, неефикасно судство и обвинителство што поттикуваат недоверба кај граѓаните во институциите, но и полиција која со примена на сила ги надминува своите овластувања, останувајќи неказнета, рече Народниот правобранител Иџет Мемети на денешната прес-конференција на која го презентираше Годишниот извештај за 2017 година.

Рече дека со новата извршна власт има подобра комуникација, но не и со судската власт, каде, според него, има влошување на соработката помеѓу државниот омбудсман и судовите.

Ја критикуваше и јавната администрација и побара од министерот за администрација и информатичко опшество да преземе конкретни чекори за, како што рече, да стане вистински сервис на граѓаните.

Изнесе забелешки и за МВР, напоменувајќи го и случајот со нарушување на пратеничкиот имунитет при апсењето на шестмината пратеници и препорача да се издигне над партиските и политички интереси и на ефикасен и професионален начин да ја извршува функцијата во интерес на граѓаните.

Мемети потенцира и дека јавното обвинителство покажало сериозни намери за водење на ефективни истраги.

– По поднесени пет кривични пријави од наша страна за полициски службеници, само за една има обвинение, а другите се отфрлени. Да не зборувам за нашите пријави против службениците кои работат во затворите за кои МВР само не информира дека постапиле согласно закон, рече Мемети, објаснува Мемети.

Тој исто така се пожали дека од судовите постоело грубо попречување на народниот правобранител да си ја врши својата работа и покрај тоа што со новиот Закон за народен правобранител омбудсманот имал право да ги следи судските постапки од многу поблиску отколку обичната јавност.

Мемети, исто така, се пожали дека при враќање на парите за радиодифузна такса на граѓаните, Управата за јавни приходи им наплаќала на граѓаните 300 денари за образец што треба да го пополнат за да им бидат вратени 290 денари, што според него, е парадоксално.

Народниот правобранител, одговарајќи на новинарско прашање се осврна и на случајот со малиот Алмир каде имаше преквалификација на делото од страна на обвинителството и притоа потенцира дека се вклучил во слењето на постапката тогаш кога тоа било побарано од семејството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1