Генијални хирурзи му ја спасиле раката на еден Бразилец од ампутација, ставајќи му ја во „џеб“ во неговиот стомак.
Докторите одлучиле да му ја „погребаат“ раката на Карлос Мариоти внатре во неговиот абдомен и да ја прекријат со заштитен слој на кожа откако доживеал страотна несреќа на работното место – кога му била искината целата кожа од неговата десна рака.
Мариоти (42) кој живее во Орлеанс во јужен Бразил, ќе мора да ја држи раката шест недели во својот стомак. Докторот Борис Брандо, кој го оперирал Карлос вели дека тоа била многу деликатна повреда и операција.
– Пациентот преживеа повреда која му оставила многу малку кожа на раката откривајќи му ги коските и тетивите. единствено со раката во стомак нема да дојде до инфекција и отфрлање на тетивите и ткивата – изјавил доктор Брандо.
Каролос вели дека е многу среќен што му е спасена раката но дека чувството е неверојатно чудно.
– Кога докторите ми рекоа дека може да ја изгубам раката бев многу тажен и загрижен. меѓутоа по операцијата, кога се разбудив ми кажаа дека раката ми е во стомакот. бев шокиран но тоа ме спаси. Морам многу нежно и полека да ја поместувам раката, за да се спречи згрчување и закочување на мускулите – изјавил Мариоти.
Каролс работи во фабрика кој произведува пластични завојници и до повредата дошло откако машината му ја „вшмукала“ раката.
– Изгубив два прста, но благодарен сум што не е изгубена целата рака. Барем и понатаму ќе можам да држам вилушка и да се облекувам без ничија помош – потенцирал несреќниот Бразилец.
Докторот Брандо вели дека секогаш прават се што е во нивна моќ за да спасат нечив живот, доколку тоа е можно.
– Веднаш реагиравме и се одлучивме за оваа постапка. Раката ја сместивме во неговиот стомак и за 42 дена треба да е развие ново ткиво. Пациентот нема во целост да ја врати функцијата на движење како пред повредата, но барем му ја спасивме раката и ќе има подобар квалитет на живото отколку да му беше направена ампутација – истакнал лекарот.