За да ожените жена од Европа и да добиете пасош – цена 1800 евра


Државјани на Србија ги користеле браковите со Унгарци за добивање на работни дозволи во земјите на ЕУ, пред се во Австрија и во Германија

Унгарското државно обвинителство покренало истрага против брачен пар, односно, против државјанин на Србија и државјанка на Унгарија, поради сомневање дека изградиле мрежа за склучување бракови помеѓу српски и унгарски државјани заради добивање работни дозволи во земјите на Европската унија. Според унгарските медиуми, истрагата била проширена на 24 лица кои, наводно, учествувале во склучување на најмалку 200 бракови. svadba445
Унгарските власти се посомневале дека нешто не е во ред кога пред неколку месеци во тамошната Агенција за имиграции и државјанство почнале да пристигнуваат по дури 30 изводи од матичните книги на венчаните дневно, а во кои еден од сопружниците бил унгарски, а вториот српски државјанин.

Мажите, најчесто, биле од јужниот дел на Србија, а „невестите“ од пограничните места во Унгарија. Истрагата покажала дека станувало збор, главно, за фиктивни бракови за кои „сопружникот“ од Унгарија добивал и до 1.800 евра.

„Сопружниците“ живееле на различни адреси, а браковите биле само заради добивање работни дозволи, најчесто во Германија и во Австрија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1