Денеска во 14 часот СДСМ ќе одржи конференција за медиуми на која ќе биде објавен нов пакет од аудиоснимките на прислушуваните разговори од проектот Вистината за Македонија на оваа партија
Вчера од СДСМ информираа дека денешната бомба ќе се однесува на начинот на соработката на владеачката коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, особено на работењето на функционерите на партијата на Али Ахмети.
Во интервјуто за ТВ Алсат М претседателот на СДСМ Зоран Заев уште еднаш вети дека наскоро ќе бидат објавени и материјалите од случајот „Монструм“