Мерка притвор од осум дена за 4 лица, на едно ливе му е одреден куќен притвор, а за двајца демонстранти од Судија на претходна постапка одредени се мерки за претпазливост, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.
Вчера пред судија беа спроведени 7 демонстрнти за кои Основното јавно обвинителство побара одредување мерка притвор.
Предлогот на ОЈО , како што посочуваат од судот, се однесува на кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие за кое е предвидена казна од една до пет години согласно законот, а со оглед на тоа што се работи за скратена постапка по новиот закон за кривична постапка во претходна постапка притворот може да трае најмногу до осум дена.
Од Јавното обвинителство вчера соопштија дека 7 лица се лишени од слобода и предложен е притвор за 14 лица осомничени за нередите во Собранието.
Постапката, посочија од ОЈО, е започната поради постоење на основано сомнение дека осомничените лица сториле кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ од член 384 од Кривичниот законик.
Од основнот јавно обвинителство претходно известија дека се побарани сите снимки од телевизиите. Се додава дека истрагата на обвинителството продолжува во насока на целосно расветлување на кривично – правниот настан.
Лицата за кои се води постапката претходно беше соопштено дека најголемиот дел се од Скопје, едно лице е од Куманово и едно од Прилеп.