За лажна реклама за попуст лани казнети 70 продавници


Попуст од 50 отсто на сите продукти, „шопинг-часови со 80 отсто намаление на целокупната гардероба“, земете две, платете едно и што уште не, пишува Дневник.

popust3Реклами од овој тип секојдневно среќаваме по јавните гласила, билбордите и излозите на популарните магазини. Најчесто привлечени од високите попусти не пропуштаме можност да видиме што се нуди. Но многу често наместо попуст од 50 отсто на цела гардероба, се наидува на намаление само на одредени парчиња. Или ако ви треба нов шпорет и подготвени сте да платите само половина од сумата како што вели рекламата, ќе сфатите дека попустот е едвај пет отсто.

Токму поради измама на потрошувачите, деновиве бугарскиот „Практикер“ доби казна во висина од над 40.000 евра која беше изречена од страна на нивната Kомисија за заштита на конкуренцијата. Односно, глобата изнесувала 0,1 отсто од приходите од продажба на стоки остварени во претходната година. Маркетот лани во ноември имал реклама во која се велело дека се што се нуди во маркетот е на попуст и од 22 отсто. Но нивната комисија за заштита на конкуренцијата утврдила дека наместо целокупната програма, на попуст биле само одредени артикли.

И кај нас с` повеќе измамите на потрошувачите се санкционираат. Лани околу 70 субјекти биле казнети од страна на Пазарниот инспекторат кој е надлежен за заштита на правата на потрошувачите токму поради измама.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1