Змија за малку ќе каснеше штипски таксист. Тој ја забележал во автомобилот откако се вратил од пауза. Кога влегла змијата не знае, но пред да ја забележи превезол најмалку педесетина патници, неколкумина од нив и деца – јавува плус инфо.
– Направив кратка пазуза, на паркингот кај новата пошта во Штип. Кога се враќам по 10 минути, ја гледам испружена на шалт таблата. Ја потурнав со ногата и таа се скри. Синот ми рече да го вклучам моторот и таа самата ќе излезе, кога го направи тоа по пет шест минути ја удрив со стап – раскажува Генчо Киров.
Киров не знае дали змијата е отровна или не, но е загрижен за својата и безбедноста на патниците што ги превезува, затоа што автомобилот го паркира во близина на парк, кој секојдневно е полн со деца, па апелира надлежните да се погрижат за овие влечуги.
– Совет до сите мои колеги, по овие врнежи змиите излегуваат на сонце, задолжително да го проверуваат автомобилот наутро, затоа што може змијата да се појави во текот на возењето и да предизвика паника па да се предизвика и сообраќајна несреќа – вели Киров.