За министрите одложен одмор – пратениците на колективен


Стартот на летото, се најавуваат и жешки,  долги работни денови за македонските политичари. Ќе си дадат мала оддишка или ќе летуваат?

Се уште нема одлука дали министрите ќе одат на колективен одмор. Од Владата за Алфа информираат дека во моментов приоритет на новоизбраните членови на извршната власт се проектите и оти за одмор засега не се разговарало.
vladaАлфа ги контактираше и министрите. Најголемиот дел од нив не планирале кога и каде ќе одмараат  . Се ќе зависи велат од обврските кои ги имаме на работа. За класичен одмор и подготовки веруваат дека нема да најдат време, но оптимисти се дека ќе можат дa искористат некој продолжен викенд, па да одморат од секојденвните обврски.
За разлика од нив, партениците и оваа година од 5 август ќе одат на колективен одмор. Ќе одмараат скоро три недели. Планина, море или дома? Паралментарците размислуваат која опција да ја одберат. Има речиси уште два месеци да се скројат плановите, каде ќе се полнат батериите.
И додека темата за одмори е актуелна и се размислува каде да се избега од  пеколните горештини кои се прогнозираат за во наредниот период, сепак македонските политичари ќе треба да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа.
Одлуки за формирање на собраниските тела, избор на шефови и членови на македонските делгации, разрешувања, предлози за изменување на закони. Ова од понеделник на пратеничките клупи ќе ги чека новите парламентарци.
Во секој ресор нови проекти. Министрите пак ќе се посветат на она што го ветија во предизборието.
Alfa.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1